Кои се боите на автомобилите што губат најмалку од вредноста

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби за некои луѓе бојата не е најважна, но таа игра голема улога при изборот на нов автомобил.

Во автомобилската индустрија има цели оддели, кои вршат истражување како различни бои на дизајнот на автомобилот се одразуваат на цената на возилото и не е случајно што повеќето од новите модели пристигаат со таканаречениот „Lаunсh соlоur“ или одредена боја која најмногу одговара на моделот и е прикажана на различни фотографии, официјални претставувања и рекламни кампањи.

И покрај фактот, дека бојата не е најважното нешто во еден автомобил, тоа се покажува дека таа има значење и за цената на автомобилот. Американците од iSееСаrs направиле проучување на пазарот во последните четири години, презентирајќи кои се боите на автомобилите кои губал најмалку од вредноста.

Во тригодишното истражување на првото место е жолтата боја, која загубила едвај 20,4%, а следува беж со 22,8% и портокалова со 27,1%. Надвор од првата тројка останува зелената со 31,3, сива со 36,4% и црвена со 36,9%. Рангирањето е дополнето уште со сино со 37%, сребрено со 37,6%, бело со 38% и црно со 38,4%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK