На база на собраните податоци од страна на Бјорн Ниланд, insideevs.com прави интересна анализа, со чија помош може да се види кои се најлесните и најтешките автомобили кои се движат во моментов по европските патишта.
За електричните возила се смета дека сега се се уште тешки бидејќи батериите се тешки, но секоја нова генерација нуди помало пакување со поголема сила. Со убедлива предност во однос на другите со 250 килограми, најтешкиот електричен автомобил во Европа е Mercedes EQV (2.960 килограми).
Во ТОП 10 листата исто така се наоѓаат и: Audi e-tron 55 со 2.720 килограми, Mercedes EQC со 2.620 килограми, Audi e-tron 50 (2.560), Polestar 1 (PHEV хибрид, 2.440), Audi e-tron GT (2.420), Porsche Taycan 4S (2.380), Tesla Model S Performance Raven (2.360), Volkswagen ID.4 GTX (2.360) и Jaguar I-PACE (2.340).
На „дното“ на листата се наоѓаат компактните Mitsubishi i-MIEV со тежина од 1.200 килограми, две верзии на Volkswagen e-up со 1.260 и 1.280 килограми.
Потоа тука се и две модификации на BMW i3 со 1.360 и 1.440 килограми, Fiat 500 со 1.460, MINI Cooper SE со 1.480 и Peugeot е-208, Opel Corsa-e и Hyundai Ioniq со 1.600 килограми.
Повеќе од една третина од елетромобилите тежат повеќе од два тони, а како резултат на тоа просечниот показател е на ниво од 1.940 килограми.