Euro NCAP како водечка организција за испитување на безбедноста и сугурноста на возилата, од оваа година помеѓу бројните новитети го воведе и истражувањето и евалуирањето на безбедноста на комерцијалните возила.
Според правилникот за евалуирање, овие возила не се тестираат во поглед на издржливоста во краш тестот туку поради безбедносната асистенција.
Оваа година во тестирањата беа опфатени вкупно 21 комерцијално возило од повеќе брендови. При тоа највисок “Златен скор” освоија само 3 комерцијални возила и тоа: Ford Transit, Mercedes-Benz Vito и VW Transporter.
https://youtu.be/cuRpNKEF-l0
Сребрен медал освоија VW Crafter, Peugeot Expert, Opel/Vauxhall Vivaro, Mercedes-Benz Sprinter и Ford Transit Custom. Бронзен медал освоија: Citroën Dispatch, Citroën Jumper, Citroën Jumpy, Citroën Relay, FIAT Ducato, Iveco Daily, Peugeot Boxer и Toyota PROACE.
Од друга страна, Euro NCAP не ги препорачува следниве комерцијални возила: Renault Trafic, Renault Master, Opel/Vauxhall Movano, Nissan NV400 и FIAT Talento.