Кои документи се потребни за замена на возачката дозвола?

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за Внатрешни работа согласно законот и процедурите, го дефинира начинот и постапката за земна на возачката дозвола. Притоа, замената може да се однесува на замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност, замена на возачката дозвола поради измината важност и замена на странска дозвола за македонска возачка дозвола.

Во однос на замената на важечка возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност како потребни документи се наведени: барање за замена, возачка дозвола, важечка лична карта на увид како и уплата од 280 денари за редовна, или 840 денари за образецот за итна постапка како и дополнителни 110 денари за административна такса.

За замена на возачката дозвола поради измината важност, потребните документи се идентични како и при замена поради оштетување со единствена разлика што административната такса изнесува 170 денари.

За замена на странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола покрај соодветно барање и важечка лична карта на увид, потребно е да се достави и оригинална важечка странска возачка дозвола со извршен превод на македонски јазик и нотарска заверка и доказ за престој подолг од шест месеци пред денот на издавање на странската возачка дозвола. Доколку во странската возачка дозвола неможе да се утврдат категориите за кои моторни возила може да управува возачот потребно е да се достави и исправа издадена од органот што ја издал дозволата од која се гледа со кои моторни возила може да управува.

Потребно е и лекарско уверение, а во однос на финансиските трошоци, потребно е да се плати 280 денари за редовна или 840 денари за итна постапка како и 170 денари за административна такса.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK