Кога ќе споите пик-ап и Mustang – се добива …

ОБЈАВЕНО НА:

Наречен Rammus овој гигантски каионет произлезен од Mustang бил нарачан од шеик во Обединетите Арапски Емирати...

Светот на автомобилите е полн со чудни, откачени, еднократни креации. Но, оваа креација може да ја земе наградата. Изведбата наречена Rammus е камионет кој ја комбинира каросеријата на Ford Mustang од 2015 година со пик – ап моделот Ram, за да создаде огромен кабриолет направен да изгледа како спортско Coupe од 1920-тите одини.

Откриена и споделена на Инстаграм од професионален фотограф за автомобили Лери Чен, оваа смешна машина е нарачана од шеикот Хамад бин Хамдан Ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати. Возејќи се на шасијата на Ram, спортскиот coupe – pick –up наречен Rammusс ги задржува горните делови од телото на Mustang, но кренат е речиси двојно повисоко од земјата. Користи големи калници за да ги смести огромните гуми со бели странични делови, а има дури и две резервни гуми монтирани на страниците.

Под издолжената хауба ќе најдете 6,4-литарски атмосферски Hemi V-8 агрегат впарен ос автоматски менувач на брзини. Rammus го задржува системот за погон на четири тркала на Ram и, можеби не е изненадувачки, вози како камионет, според новинарот Чен. Внатрешноста е целосно од Mustang, освен кога станува збор за воланот и менувачот поставен на тунелот, кои се чини дека се пренесени директно од камионот донатор – Ram.

Иако слободно без никакци двоумења може да се каже дека ова е необичен проект, тој е исто така неверојатно добро направен. Продолжената хауба и предните браници добро се отсликуваат на севкупните пропорции на возилото, дури и ако тоа значи креирање „пештера “- за моторот што изгледа како да е исполнета само околу 40 проценти. Плус, има дури и малку метални столбови за лоцирање на двата краја на предниот браник за да му помогнат на возачот да го „паркира “ долгиот „нос “. Некој го смислил овој проект.

Дали Rammus е толку кул како рекордерот Mustang GTD? Не. Но, секако повеќе интересен. А за некои луѓе, тоа е сè што е важно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK