Велат, важно е да сонуваш, но најважно да дејствуваш да го исполниш сонот. За некои соништа потребни се пари, но доколку тие се проблем, тогаш потребно е креативност, ентузијазност, но и малку повеќе лудост.
Се чини дека тоа го има еден Романец кој од својот Opel Astra автомобил од 2004 година успеа да направи трансформација во Audi R8, автомобилот од неговите соништа.
За трансформација на неговиот автомобил кој има поминато 101.000 километри потребни му биле само 2.500 евра. Значи за само 2.500 евра тој успеал да ја разубави својата гаража со црвено Audi R8.
Освен изгледот кој и не е толку автентичен како и оригиналот, останатите делови, вклучувајќи го моторот и внатрешноста на автомобилот се останатие од неговиот оригинален автомобил, Opel Astra.
Браво за овој човек, а вие, размислете што би направиле од својот автомобил.