Во Кина покажаа невообичаен Wuling HоngGuаng Mini ЕV 6X6. Тоа е најчудниот автомобил со шест тркала во светот. И покрај фактот дека сè уште останува концепциски автомобил, но кој знае, можеби Кинезите ќе го преземат ризикот да го пуштат во сериско производство.
Чудното во овој случај е тоа дека Wuling HоngGuаng Mini ЕV e минијатурен градски автомоби, малку поголем од Smаrt. Нешто повеќе, автомобилот е создаден во соработка со Gеnеrаl Mоtоrs.
Покрај тоа автомобилот има продолжени лакови на тркалата и офроуд гуми. Сепак, оваа трета оска не ја подобрува проодноста на автомобилот и неговото присуство и има главно визуелна функција.
Колку и да е чудно, кинескиот паметен Smаrt e со четири седишта. Покрај тоа е електричен автомобил, а за верзијата со шест тркала моќноста на моторот е зголемена од 17 на 27 коњски сили. Максималната брзина е 100 км/ч, а со едно полнење може да се поминат 170 километри.