Корпорацијата Kia продала 278.275 возила во март, што е за 11 отсто повеќе отколку во март минатата година.
Без продажбата на возила за специјална намена, продажбата на корејскиот пазар пораснала за 18 отсто, додека продажбата надвор од Јужна Кореја беше за 9 отсто подобра од истиот период минатата година.
Најпродаван модел е Kia, Sportage (48.463 продадени возила), потоа следува Seltos (27.853; не се продадени во Европа) и Sorento (20.034 продадени единици).
Продажбата на возила на Kia надвор од Јужна Кореја се зголеми за 9 отсто во споредба со март 2022 година, со продадени 224.911 возила. На пазарите надвор од Кореја, најуспешен беше Sportage со 42.445 продадени примероци. Другите два најуспешни модели беа Seltos (23.962 возила) и K3 (16.892 возила; не се продаваат во Европа).