Мрежата на станици со супер полначите Tesla доживеа значителен пораст во минатите неколку години. Сепак, и понатаму постојат земји во кои има многу малку, или воопшто нема станици за полнење на електрични автомобили. А ако сака да продава добро во Европа потребно е да има и повеќе супер полначи.
Тоа наскоро би требало да се промени. Извршниот директор и основач на компанијата Tesla, Елон Маск на својот профил на Твитер напиша дека покриеноста на Европа со супер полначи за следната година би требала да биде поголема за 100 проценти.
Уште нема детали за тоа колку нови станици ќе бидат отворени, но Маск додава дека станиците ќе се простираат од Ирска до украина и од Норвешка до Турција.
Во секој случај, ова се добри вести за сите сопственици на Tesla автомобили. Тоа е поради фактор дека бројот на станици за полнење драстично се смалува кога ќе се напуштат земјите како што се Австрија, Германија, Словенија и Чешка.
Планот е во Украина наскоро да се отворат две станици (во моментов не постои ниту една). Слична е ситуацијата и со Турција во која е планирано отворање на најмалку девет станици.
Источна Европа не е единствениот дел од стартиот континент кој ќе добие нови станици. Тие се планирани и за во Велика Британија, Франција, Белгија, Германија, Полска, Данска и Холандија. Станиците нема да се појават во Белорусија и во Молдавија.