Казна од 5000 евра за мофициран велосипед

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во градот Тортона на северот на Италија конфискуваше модифициран планински велосипед и го казни сопственикот со 5.000 евра. Според објавената информација се работело за маж со потекло од Романија, кој монтирал електромотор на тркалото и се возел низ улиците со многу поголема брзина од дозволените 25 км/ч.

При последната проверка се покажало дека максималната брзина на мофдицираниот велосипед е 60 км/ч, што го категоризира возилото со две тркала како мопед. Велосипедот, сепак, немал ниту регистрациски таблички, ниту осигируање што се бара за овој тип на возило. Покрај тоа Романецот немал ниту лиценца.

Од полицијата во Тортона се жалат дека ова е далеку од прв ваков случај. Електромоторните тркала станале вистинско зло на улиците на градот и претставуваат ризик за учесниците во сообраќајот. Причината е во тоа што велосипедите не се дизајнирани за вакви брзини и немаат доволно ефикасни сопирачки.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK