Супер интересно видео направи српски Дневњак, а се однесува како просечен балканец бара половен автомобил на интернет.
Во најновата епизода насловена како “Стево Ѓубре бара автомобил”, во нешто повеќе од 9 минути се “спакувани” сите предизвици со кои се соочува овдешниот човек во потрагата по автомобил. Главната улога (по некоја случајност) му припаѓа на Стево кој како и повеќето на овие простори со ограничен буџет е во потрага по одличен автомобил.
Ова видео за еден ден запиша повеќе од 150 илјади прегледи на YouTube, а се што вие треба да направите е да одвоите малку време и да се смеете.