Трговијата со автомобили е еден вид на занает кој не може да го владее секој. За него исто така е потребен талент, но практиката покажува дека секој може да се пазари за пониска ценa ако знае како да го направи тоа.
Затоа е добро да се знаат некои работи кои може да ви помогнат за да добиете попуст за автомобилот кој ви се има допаднато.
Прво е важно да се наведе дека во случајот не станува збор за автомобил, кој сакате да го купите евтино и веднаш после тоа да го препродадете. Во тој случај идејата е да се постигне најниската можна цена без притоа да се обрне особено внимание на најважното, а тоа е состојбата на автомобилот.
СЕГА И ВЕДНАШ
Еден од најдобрите начини да ја намалите цената е да дојдете со пари во вашиот џеб. Така покажувате дека сте подготвени да го купите автомобилот веднаш со што покажувате сериозен притисок над продавачот. За него ќе биде далеку полесно да направи отстапка во цената отколку да ја покажува колата уште една недела или еден месец.
Во исто време таквата позиција е погодна и за купувачот бидејќи добрите автомобили се продаваат брзо. Ако мислите премногу долго, автомобилот едноставно ќе исчезне од пазарот. Во такви ситуации тешко дека некој ќе ве чека да се советувате со жена ви или да барате пари на заем.
Ако не ја носите целата сума оставете капар на продавачот и договорете се да го платите останатиот дел од сумата веќе следниот ден, на пример. Задолжително склопете договор за да не останете со прст во устата бидејќи некој може да ве престигне.
ПОЛНА ДИЈАГНОЗА
Секој автомобил од втора рака има некакви недостатоци од кои купувачот соодветно може да има корист. За да успеете да ги утврдите ќе треба да го однесете возилото на сервис каде ќе треба да платите за преглед и дијагностика и соодвете да добиете детална информација за нејзината состојба.
Ваквиот пристап, прво ќе ви даде аргументи за симнување на цената и второ ќе му покаже на продавачот дека сте сериозен купувач, со оглед на тоа што веќе сте потрошиле некаква сума за сервис. Истата сума исто така може да биде и симната од цената при евентуален договор.
ЗБЛИЖУВАЊЕ СО ПРОДАВАЧОТ
Овој момент многупати е игнориран, но тој често работи добро. Едноставно насмејте се, не се задевајте, не се пазарете и бидете добронамерни. Разговарајте со продавачот, раскажете му за себе си и обидете се да утврдите некаква врска. Може да се покаже дека вие на некаков начин можете да бидете корисен за тој човек. Колку и да ви изгледа чудно, човечкото однесување често помага.
ЧОВЕК ОДВНАТРЕ
Ако имате свој близок човек во автосалон, кој продава користени автомобили, сосема извесно е дека шансите за да наидете на добар автомобил за добра цена се доста големи. Во овие салони автомобилите се купуваат за пониска цена, а се продаваат за повисока. Најдобрите автомобили често одат за најблиските како вработени во салонот, роднини, пријатели или добри клиенти.
Во вакви случаи нема потреба да давате пари за дијагностика со оглед на тоа што вашиот човек ќе биде запознаен со автомобилот. Покрај тоа, во вакви ситуации продавачот е запознаен дека сте подготвен да го купите возилото веднаш и тоа исто така ви помага да постигнете подобра цена.
ДИРЕКТНО ПРАШАЊЕ
Понекогаш директен пристап е најдобар. Прашајте го човекот директно: „За колку сте подготвени да го продадете автомобилот?“ Слично прашање некогаш делува обесхрабрувачки и може да биде од корсит. Едноставно, продавачо секогаш има психолошка бариера под која нема да падне.
И нема никаков смисол од пазарење, ако едноставно го прашате и купите автомобил на посочената цена. Не е исклучено таа дури да биде и под границата која вие самите сте си ја поставиле.