Како ќе изгледа Renault Clio

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Renault Clio е еден од најпродаваните модели на француската компанија и сега претстои подготовка на новата генерација. Се очекува пролетва да биде претставен, а летово и д апочне да се продава во салоните на импортерите. Се уште нема најави како ќе биде изгледот, па затоа сите фотографии се некој вид на претпоставка.

Дизајнерот на шпанското издание Motor.es ја нуди својата верзија за потенцијалниот изглед на идниот Renault Clio. Се претпоставува дека најголемиот дел од визуелните промени ќе паднат на предниот дел на „петвратите“.

Многу е веројатно дека надворешниот дизајн ќе биде под влијание на неодамна претставениот кросовер Renault Austral. Судејќи според сликата, новиот Clio ќе има различен преден браник и главни и помошни светла.

Предните светла се поврзани со светлосна лента, во чиј центар е ажурираното лого на Renault во форма на препознатливиот дијамант. Од рендерот може да се види и зголемената решетка на ладилникот, чиј дизајн е јасно инспириран од моделот Austral.

Доводите за воздух на дното на браникот најверојатно ќе бидат исти, но дневните LED светла ќе бидат различни. Судејќи според сликата, печатот на хаубата како и профилот на подигнатиот Clio ќе останат исти. Се очекува да се „освежи“ и задниот дел, но таму промените ќе бидат минимални.

И внатрешноста најверојатно ќе добие мало ажурирање. Многу е веројатно дека предниот панел ќе биде обединет со други помодерни модели на француската марка. Во салонот се очекуваат нови, поквалитетни завршни материјали (вклучувајќи текстил и пластика) и друг декор.

Дополнително, хечбекот може да добие надграден мултимедијален систем Easy-Link со нов интерфејс и поширок список на функции. Очекувано и поради новите реалности во Европа, моторната линија на обновениот Renault Clio ќе биде лишена од дизел мотори.

Историјата на Renault Clio започна во 1990 година, за кое време моделот успеа неколку пати да менува генерации. Хечбекот од актуелната петта генерација се појави во 2019 година. Моделот, како и досега, останува еден од најпопуларните на европскиот пазар, иако неговата продажба бележи пад во последните неколку години.

Според статистиката на Carsalesbase за јануари-ноември 2022 година, продажбата паднала за нешто повеќе од 30% во споредба со една година порано. Сега моделот го чека планираниот рестајлинг, а прототипите веќе вршат различни тестови.

Најверојатно ќе видиме опции кои користат бензин, природен гас, како и хибридна верзија. Максималната моќност на овие погонски единици веројатно нема да надмине 145 КС. Основниот менувач ќе остане шестстепен мануелен менувач.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK