Како каскадерите го возат Land Rover во новиот филм за Џејмс Бонд (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку денови пред премиерата на долгоочекуваниот нов филм од редот за Џејмс Бонд – No Time To Die, која е планирана за 30 септември, Land Rover ги рашири кадрите од една од сцените со брканиците на автомобилите, кои ќе бидат видено во новиот филм.

Во сцената учествуваат два претставници на најмоќната и брза пазарна понуда на Land Rover. Имено, Range Rover Sport SVR, чија судбина не изгледа многу ветувачки особено ако се земе предвид дека кај теренци што се користат во продукцијата исто така беа направени во специјалната боја Eiger Grey и се надградени со карбон пакет и Narvik Black 22-инчни алуминиумски бандажи.

За радост на корисниците, Land Rover има предвидено можност за порачка на оваа конфигурација директно како специјалната верзија, No Time To Die во конфигураторот на автомобилот.

https://youtu.be/_aWxFMshOM4

Range Rover Sport SVR е опремен со V-образен, осумцилиндричен мотор, кој генерира максимална моќност од 575 коњски сили и е во состојба да го забрза луксузниот автомобил од 0 до 100 км/ч за само 4,5 секунди и максимална брзина од 283 км/ч.

На почетокот на месецот Land Rover го објви и тематскиот Defender V8 Bond Edition.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK