Видео кое доаѓа од Чиле стана вистински хит на социјалните мрежи. Главната улога ја има неименуван маж кој успеа да спречи кражба врз него и бензинската пумпа.
Додека во својот автомобил точеше гориво, од комбе излегоа неколку лица, а тој реагираше брзо и очекувно. Со цревото буквално ги избања трите лица, а и го наполни комбето со гориво.
Целиот настан беше снимен од безбедносните камери, а видеото може да го погледнете во продолжение.
https://youtu.be/Tqn8LDxcTIo
Навистина храбар и пред се инвентивен начин да се одбраниш од потенцијалните крадци.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]