Kai Concept го најавува изгледот на Mazda 3

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Токио, јапонска Mazda го презентираше прототип наречен Kai, што според Autocar, кој се повикува на веродостоен извор од компанијата, овој прототип е близу до масовно производство и всушност е новата генерација на Mazda3.

Вкупната должина на Mazda Kai е 4420 мм, ширината е 1855 мм и височината е 1375 мм. Прототипот е 55 мм пократок, 60 мм поширок и 75 мм понизок од верзијата со пет врати од сегашната Mazda3. Разликата во меѓуоскиното растојание е 60 мм во корист на прототипот Кai.

Компанијата само потврди дека Kai e направена на SkyActive платформата и е опремена со бензински мотор SkyActive-X. Слични единици ќе почнат да се вградуваат во автомобилите на Mazda од 2019 година. Нивната посебна карактеристика е дека мешавината на горивото се пали при низок притисок без употреба на свеќички.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK