Гласините за нов буџетски бренд во Volkswagen доаѓаат уште откако Renaul го лансираше на пазарот брендот Dacia. Со него Французите направија бум, не само на пазарите во развој туку Dacia се продава успешно и во неколку земји од Западна Европа.
Изгледа дека плановите на Германците конечно ќе се остварат, макар и во прво време само во Кина, тврдат сајтовите Sina Auto и CarNewsChina.
Новиот нускубуџетски ќе се вика Jetta и ќе нуди три модели – седанот VA3 (актуелниот Vokswagen Jetta), кросоверот VS5 (базиран на Seat Ateca) и SUV-то VS7 (копија на Seat Tarraco). Тие ќе носат свој амблем и ќе бидат склопувани во фабриката FAW-Volkswagen во Ченгду.
Главната целна публика на Jetta ќе бидат младите купувачи, кои се огромна демографска група во Кина, но досега секогаш останувале надвор од интересот на Volkswagen.
Проблемот е дека токму овие потенцијални купувачи го поврзуваат популарното име претежно со евтини такси автомобили и Германците ќе треба да ја искористат целата маркетинг машина за да се промени овој имиџ.