Jato Dynamics: Продажбата во Европа скокна за 63 отсто – најпродаван модел е VW Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Според статистиката на Jato Dynamics продажбата на нови автомобили во Европа во март забележа раст од 63 отсто до ниво од 1.374.313 единици. Вкупниот показател за првиот квартал е на ниво од 3.045.703 автомобили или 1% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година.

Според JATO Dynamics, најпродаваниот нов автомобил во Европа во март бил Volkswagen Golf со 26.265 примероци и 12% подобрување на побарувачката во споредба со истиот месец во 2020 година.

Во Топ-10 најпопуларните нови автомобили во Европа минатиот месец има минимални разлики во перформансите на пазарот. После VW Golf на листата се наоѓаат:
* Peugeot 208 (25.429 возила),
* Opel / Vauxhall Corsa (24.540 возила),
* Tesla Model 3 (23.755 возила),
* Toyota Yaris (23.033 возила),
* Volkswagen T-ROC ( 21.772 возила),
* Citroen C3 (21.426 возила),
* Renault Clio (21.219 возила),
* Peugeot 2008 (20.960 возила)
* Fiat 500 (20.832 возила).

Најбараниот plug-in хибрид во Европа во март бил Volvo XC40 со 5.364 продажби, следува Peugeot 3008 со 4.673 и Renault Captur со 4.355.

Во однос на електричните возила Tesla Model 3 доминираше во месецот со 23.616 испораки, по што следеаат Hyundai KONA со 5.650 и Renault ZOE со 5.373 возила.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK