Jaguar дава по 3.000 долари доколку се откажете од Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar со интересно маркетиншко-продажна стратегија насочена кон сопствениците на Tesla автомобилите – “откажете се од Tesla и добијте 3 илјади долари”.

Под ваква парола британскиот производител ги “лови” (не)задоволните сопственици на Tesla автомобилите во САД, а намерата е да се зголеми пазарниот удел во оваа земја со истовремено намалување на бројот на сопственици на Tesla автомобилите.

Овие парични средства сопствениците ќе ги добијата како попуст при купување на моделот I-Pace кој е најпопуларниот модел на Jaguar и еден од најпродаваните лектрични автомобили. Овој попуст може да се комбинира и со други поволности како што е основниот дилерски попуст од 5 илјади долари.

Во првите седум месеци Jaguar на американскиот пазар продаде 1.522 возила, а планирано е оваа бројка значително да се зголеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK