Израелско електрично возило во Минхен – доаѓа City Transformer

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Минхен свое деби имаше и израелската компанија City Transformer која за првпат се појавува на настан од ваков карактер. Во Минхен, компанијата од Тел Авив го претстави своето мало електрично градско возило City Transformer.

Располага со два електрични мотори, секој од нив по 7,5 kW. Благодарение на истите, може да постигне максимална брзина од 88 км/ч, а забрзувањето до 50 км/ч се достигнува за 5 секунди.

Во соопштението на компанијата се наведува дека автомобилот со едно полнење на батеријата може да помине до 178 км, а 80% од капацитетот на батеријата се полни за 30-тина минути.

 

Интересно е што овој автомобил располага со т.н. градски мод кој доколку се активира, ширината на возилото изнесува 1 метар. Почетната цена на овој автомобил изнесува 12.500 евра, а во продажба би ребало да се најде до крајот на неделата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK