Издавање на сообраќајна дозвола чини 200 а ја плаќаме 900 денари!?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога треба да регистрирате нов автомобили или оној што веќе го имате секако треба да добиете и сообраќајна дозвола. Нејзината цена е 200 денари, но ние плаќаме 900 денари? Каде одат тие пари и кој ги става на својата сметка.

www.samoprasaj.mk спроведе истражување во кое се обиде да најде одговор зошто е толку голема разликата. Издавањето или замената на сообраќајна дозвола при регистрација на возилата има скриени трошоци. Иако на сајтот на Министерството за внатрешни работи наведено е дека тоа чини само 200 денари, граѓаните за докомплетирање на документацијата треба да дадат уште околу 10 евра.

Погледнете ја целата сторија

Истражувањето на екипата на Институтот за комуникациски студии покажа дека оваа скриена давачка на сервисите годишно им носи од 300 до 400 илјади евра, при што државата како данок на додадена вредност добива од 54 до 72 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK