Моделот Е12 на BMW прославува 50 години од премиерата. Истата се случила во рамките на саемот за автомобили во Женева во далечната 1970 година.
BMW E12 е првиот автомобил од серијата 5 чие производство започна во јуни 1972 година. Овој автомобил бил дизајниран од Марсело Гандини и Пол Брак (двајцата дел од студиото Бертоне), а се произведувал во Динголфинг (Германија) и Рослин (Јужна Африка).
https://youtu.be/lPwaAvWGda0
Димензионално овој автомобил бил со должина од 4.620 мм, ширина 1.690 мм и висина од 1.425 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.636 мм.
Во периодот од 1972-1981 година биле произведени вкупно 699,094 возила со што овој модел на BMW бил најпродаваниот во тој период. Во овој период биле лансирани 12 подмоделски изведби со вкупно 17 мотори. Најмоќен од сите моделски изведби бил моделот M535i (M90I6) кој располагал со 210 КС и 5200 вртежи во минута.