Исти цени и маржи за сите: BMW и Mini само со директна продажба во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот модел н апродажба прво ќе биде лансиран во Италија, Полска и Шведска

Почнувајќи од следната година, BMW Group ќе воведе модел за продажба директно до потрошувачите за својот бренд Mini во Европа. Новиот модел за директна продажба прво ќе се појави во Италија, Полска и Шведска на 1 јануари. Набрзо потоа постепено ќе следат и останатите европски земји.

Дилерите на брендот BMW во Европа ќе се префрлат на овој модел од 2026 година, објави автомобилскиот производител.

Според овој модел, BMW ќе издава фактури директно на клиентите, а дилерите ќе добијат фиксна такса за продажбата. Стандардните цени низ целата земја за идентични модели на автомобили ќе обезбедат транспарентност на цените за клиентите, велат од BMW.

Шефот за продажба на BMW, Питер Нота, рече дека 100% од дилерите на Mini во Европа се пријавиле за агенцискиот модел. BMW има околу 700 Mini дилери на 24 европски пазари.

Нота рече дека BMW ќе користи дигитален маркетинг и директен контакт со клиентите на поцелен начин за да им помогне на дилерите да ги продаваат автомобилите. На овој начин ќе се олесни и онлајн продажбата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK