Им подарил нови автомобили на сите 4.116 вработени во неговата фирма

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест од Кина го обиколи светот. Кинеската компанија Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation им подари 4.116 нови автомобили на исто толку вработени.

Причината за овој подарок е одличниот финансиски резултат кој петта година по ред го забележува компанијата.

На 1 октомври на свечена церемонија во кругот на компаниајта беа доделени вкупно 2.993 автомобили Ford Territory и 1.183 автомобили Volkswagen Мagotan. Според кинеските медиуми, овој поклон ја чинел компанијата 500 милиони јуани односно околу 74 милиони американски долари.

Но вработените имаат и причина повеќе да се среќни. Покрај новите автомобили, тие добија и бесплата регистрација за првата година, платен данок за подароците како и осигурување за пет години.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK