Иднината е тука… Првите такси возила без возач веќе се движат низ Пекинг

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од подготовките за Зимските Олимписки игри во Пекинг во 2022 година, автономните такси возила се достапниза  жителите и гостите на главниот град на Кина. Услугите се нудат од една од најголемите компании, поврзана со автономните автомобили – Bаidu.

Преку специјалната апликација, секој ќе може да ги искористи услугите на такси возилата без возач, а за тоа се потребни неколку чекори. Прво треба специјална апликација, која ќе го пронајде најблискиот автомобил до вас и ќе ви покаже каде е.

Ако не можете да го откриете, тогаш треба да зададете наредба за притискање на копчето кое ќе ви помогне во барањето.

Откако ќе го откриете автомобилот, треба да скенирате неколку QR кодови, кои го отклучуваат автомобилот и ви ги даваат неопходните инструкции. Качувајќи се во такси возилото треба само да си ставите ремен, да ги затворите вратите и да го притиснете копчето за патување, при претходно зададена маршрута. Откако автомобилот ќе ги провери сите системи тој автоматски тргнува и ве носи до посочената адреса.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK