Иџе е оптимист: Ќе дадам се од себе да се качам на пиедесталот во Монца

ОБЈАВЕНО НА:

Игор Стефановски-Иџе на утрешната трка во TCR Italy ќе тргне од вториот ред во конкуренција на 26 возачи, и според прикажаното во квалификациите сигурно ќе биде меѓу најсериозните кандидати за пиедесталот. Трката во Монца е прва во календарот на TCR Italy за 2021 година, каде Стефановски вози веќе 4 сезона.

Лани на патеката Валелунга успеа да победи. По освојувањето на 4. место во квалификациите во Монца, Иџе ги кажа своите импресии од патеката и што очекува утре.

„Ни недостасуваат тестови, ова ни е прво појавување на патека после 6 месеци. Задоволен сум прилично, добра работа направи тимот. Ме радува што годинава имаме жестоки прваци на патеката, тука е првакот на германија, имаме возчаи од ВТЦ . Ме радува покжавме кои сме и што сме. Се надевам утре да тргнеме добро, па после со ладна глава ќе смениме тактика. Благодарам на подржката, дојденисме во голема држава меѓу големи тимови и со големи буџети, но се носиме одлично. Ќе дадам се од себе да се качам на пиедесталот на утрешната трка, изјави Стефановски.

Планирани се две трки од Монца, едната утре (сабота) во 13,35, а втората во недела во 10,05 часот. Стефановски е наша единствен натпреварувач во TCR Italy и ќе биде еден од шест „странци“ кои ќе возат на Монца во конкуренција на 26 возачи.

Стефановски имаше за 0,971 секунда послабо време од Ерик Бриљадоре кој еден круг го извозе за 2:08,445 мин. Тој го постигна најдоброто време пред крајот на квалификациите откако излезе на патеката на пет минути пред крајот и постави за 66 илјадитинки подобро време од Матео Полони.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK