И во Кина има гробишта на луксузни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Не само во Дубаи, гробиштата на луксузни автомобили се присутни и во Кина. Доказ за тоа е видео објавено на YouTube каналот Geely UnCut.

На видеото, покрај обични автомобили, може да се видат и автомобили од бројни луксузни брендови, а меѓу нив и автомобили како Porsche Panamera Turbo, Audi R8, Aston Martin Vantage S Roadster, Chevrolet Corvette, Bentley Continental Flying Spur и многу други.

За разлика од Дубаи каде автомобилите се оставаат на овие гробишта само поради фактот што нивните сопственици си купиле нови “миленици”, овие кинески гробишта се однесуваат на запленети автомобили од кинеските власти.

Може да се каже дека кинексите власти се далеку помилосрдни со овие автомобили за разлика од на пример филипинските кои пак веднаш ги уништуваат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK