И Mitsubishi го редуцира производството

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi Motors e последниот производител во низата кој се одлучи да го редуцира производството поради глобалниот проблем со недостатокот на чипови.

Почнувајќи од следниот месец во фабриките на овој производител во Јапонија и Тајланд ќе се работи со скратени смени, а можно е во некои од нив и целосно да биде запрено производството, пренесуваат јапонските медиуми.

Со редуцираното работење, се очекува следниот месец да бидат произведени за 16 илјади помалку возила во наведените фабрики. Ова практично е радикализација на одлуката која ја донесе уште минатиот месец кога беше воведено редуцирање на производството. Во април веќе се произведени за 7.500 возила помалку од планираното.

Претходно и Ford, Stellantis, Toyota, Honda и низа други производители го стопираа или намалија обемот на производството поради истата причина, недостаток на чипови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK