Chrysler заедно со Lancia беа најмаргинализирани брендови во FCA Automobilies и како такви влегуваат во новоформираната компанија Stellantis. Ако италијанскиот бренд во понудата го има само Ypsilon, американскиот бренд е за малку подобар.
Моменталната понуда е составена од моделите 300, Pacifica и Voyager, но доколку се земе продажбата во САД минатата година, овие три автомобили не бележат некој посебен пазарен успех.
Сега, Chrysler изненади со претставување на првиот по подолго време концептен автомобил чиј назив не е познат. Се работи за целосно електричен автомобил кој се темели на STLA Large EV платформата развиена од Stellantis, а на која во иднина ќе се темелат бројни електрични модели од брендовите на оваа компанија.
Неофицијално, американските медиуми пишуваат дека овој концепт ќе располага со батерии од 101 до 118 kWh, а автономијата ќе изнесува не повеќе од 800 км во верзијата со најдобри перформанси.
Повеќе официјални детали околу техничките карактеристики ќе бидат обелоденети во наредните неколку месеци.