И Aston Martin го сопира производството

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Aston Martin е последниот во низата кој се одлучи да го прекине производството поради коронавирусот. Овој производител почнувајќи од среда ги затвори своите две фабрики на Островот.

Станува збор за фабриката во Гејдон во централна Англија каде се произведуваат спортските автомобили, како и новата фабрика во Ст. Етан во јужниот дел на Велс каде се произведува новиот DBX.

Според првичниот план, прекинот на поризводството ќе трае до 20 април, но не се исклучува продолжување на прекинот во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата.

Претходно, во Велика Британија производството го прекинаа и Bentley, Vauxhall, Mini, Rolls-Royce, Nissan, Jaguar Land Rover, Toyota, Ford и Honda.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK