Huawei ќе собира ќеш од лиценцирање на технологии за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Huawei проценува дека неговата технологија сега ќе биде присутна во 15 милиони од 70 милиони автомобили произведени на глобално ниво.

Huawei, контроверзниот кинески производител на електроника, кој беше во центарот на неколку прекршувања на сајбер безбедноста и обвинувања за шпионажа – е подготвен да собира кеш од производителите на автомобили кои сакаат да ја лиценцираат неговата технологија.

Mercedes-Benz, Audi, BMW, Porsche, Subariu, Renault, Lamborghini и Bentley наводно, потпишале договори со Huawei за технолошки патенти. Huawei проценува дека неговата технологија сега ќе биде присутна во 15 милиони од 70 милиони автомобили произведени на глобално ниво.

Huawei сè уште се бори со американските санкции кои влијаеле на нивниот бизнис со смарт телефони и развојот на полупроводници во компанијата. Зделките со други компании за лиценцирање патенти не само што му помагаат на Huawei да ги генерира многу потребните приходи, туку и овозможува на фирмата да продолжи да се занимава со странски субјекти и пазари – вклучувајќи ги и американските.

Производителите на автомобили не се единствените кои склучуваат договори со Huawei. Технолошката компанија потпиша 20 нови или продолжени патенти во 2022 година, покривајќи технологии за паметни телефони, поврзани возила и IoT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK