Иако од пред неколку месеци во Велика Британија не може да се купи нова Honda со дизелски агрегат, а исто така пред неколку месеци ја редуцираше дизелската понуда, сега јапонскиот производител и официјално потврди дека повеќе нема да продава автомобили со дизелски агрегати во Европа.
Дефинитивниот крај ќе се случи во 2021 година кога јапонскиот производител ќе ја лансира новата генерација од Civic. При тоа првиот модел кој нема да има дизел во понудата ќе биде новиот CR-V кој ќе се појави следната година.
Ова за британските медиуми го потврди Дејв Хоџетс, директор на Honda UK. Тој додаде дека јапонскиот производител во целост е насочен кон развојот на хибридни и електрични автомобили, а токму откажувањето од дизелот е дел од транзицијата.
Тој додаде и дека сепак Honda нема во целост да се откаже во дизелот и дека ќе продолжи да нуди автомобили со дизелски агрегат на пазарите на неколку земји во Југоисточна Азија.