Honda почнува со тестови за автономни автомобили во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на овој септември, Honda ќе лансира нова тест програма во која ќе бидат вклучени специјално подготвени автомобили опремени со систем за автономно управување.

Новата иницијатива на автомобилскиот бренд, кој се реализира како резултат на соработката со Cruise и General Motors, ќе биде спроведен во провинцијата Точиги во Јапонија, а првиот чекоr, кој ќе биде преземан од Honda е да се подготви детална карта на реонот. За таа цел ќе бидат користени специјални автомобили опремени со опрема за мапирање.

После завршувањето на подготвителната фаза ќе биде стартуван тест делот со автономни Cruise AV, кои ќе се движат по патиштата а акумулирање на податоци на база и аналиа на локалните законки рамки и однесување на другите учесници во сообраќајот.

Во подоцнежната етапа од развјот на проектот, од Honda имаат намера да ја прошират работата на MaaS (услуга за автономна мобилна услуга) со Cruise Origin- автомобилот, кој Honda, Cruise и General Motors го развиваат екслузивно според нивното разбирање за автомобил со автономна контрола од новата генерација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK