Hilux е адутот на Toyota на Дакар 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Три теренци Hilux на јапонскиот производител Toyota ќе учествуваат на релито Дакар 2019. Ова го потврди рели тимот Toyota Gazoo Racing South Africa објавувајќи дека главните возачи за релито кое ќе се вози во јануари ќе бидат Де Виљерс, Ал Атија и Тен Бринке.

Моделите кои ќе бидат дел од релито имаат бројни подобрувања со цел да може да одговорат на тешките услови. Ткаа овие Hilux возила ќе добијат нови суспензии, подобар систем за амортизација, изменет преден дел како и V8 мотор со подобри перформанси.

“Нема да биде лесно” изјави кратко Глин Хал, член на рели тимот на самата промоција.

Релито дакар започнува на 6. јанури и ќе се вози се до 17. јануари. За прв пат во историјата ова ќе биде првото Дакар рели кое ќе се вози само во една држава – Перу.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK