Хамилтон во стил – од почеток до крај за триумф на Ф1 трката во Австрија

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон е победник на втората трка сезонава што се возеше на патеката во Австрија. Возачот на Mercedes тргна од пол позицјата и во текот на целата трка беше лидер и ги освои 25-те бода.

За „еден-два“ победа на Mercedes на патеката во Австрија се погрижи Валтери Ботас кој стигна како втор, пред Макс Ферстапен на третото место. За Хамилтон ова е 85 победа во кариерата. Трката се возеше во Австрија на истото место каде и пред една седмица, но овојпат за ГН на Штаерска.

Најбрзиот круг на трката го имаше Карлос Саинц на McLaren, иако заостануваше цел круг и заврши како деветтопласиран. За најбрзиот круг доби дополнителн поен.
Зад Саинц се најде Даниил Квјат од Alpha Tauri.

Во последните кругови најинтересна беше борбата за 5. место. Ландо Норис, Серхио Перез, Ланс Строл и Даниел Рикардо се бореа, а во борбата меѓу Перез и Строл најмногу профитираше Норис кој беше петтопласиран.

Најголемо разочарување е откажувањето на двата болида на Ferrari, откако на самиот почеток на свиок се судрија Леклер и Фетел. Поранешниот светски првак Фетел имаше оштетен заден спојлер и замина во гаражата каде остана, а Леклер издржа уште некој круг, но и тој се откажа..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK