Great Wall повторно се враќа во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител Great Wall Motors планира враќање на пазарот во Европа поточно земјите од Европската Унија. Овој производител според планот, својот камбек треба да го направи во текот на 2020 година.

Претходно, овој производител кој важи за најпознат кинески автомобилски производител, имаше обид за освојување на европскиот пазар преку градење на дилeрска мрежа во Италија, Австрија, Германија и други неколку земји од Западна Европа, но тоа резултираше безуспешно.

Во меѓувреме, Great Wall во Бугарија ја отвори својата прва фабрика на европско тло. Станува збор за некогаш активната фабрика на Litex Motors, а производствениот капацитет на оваа фабрика достигнува 8 илјади автомобили годишно. Производствените операции во Бугарија придонесе да веќе неколку години овој бренд е присутен во Бугарија, Романија, Србија и Македонија, а наскоро бројката на држави во Европа драстично ќе се зголеми.

Според планот, Great Wall на европскиот пазар ќе се врати со малиот градски електричен автомобил Ora R1 чија должина изнесува 3.495 мм и доаѓа со електромотор со 35 kW кој ќе продуцира 48 КС. По ова се очекува GWM да донесе некој од многуте SUV модели кои успешно се продаваат на пазарот во Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK