Google Maps стануваат „зелени“ – ќе нудат еколошки рути за намалување на CO2

ОБЈАВЕНО НА:

Google проценува дека новата функција може да заштеди повеќе од милион тони емисии на јаглерод годишно, што е еквивалентно на симнување на повеќе од 200.000 автомобили од патот

Google објави нова функција за својата услуга “Мапи”. Апликацијата сега ќе ја прикаже најефикасната рута до вашата дестинација, дури и ако не е најбрза. Ажурирањето користи вештачка интелигенција, како и увид од Националната лабораторија за обновлива енергија на американското Министерство за енергија (NREL) за да им ja покаже на корисниците најзелената рута до нивната дестинација. Според “Гардијан”, апликацијата ги зема предвид и метежите во сообраќајот додека ја донесува својата одлука.

Google проценува дека новата функција може да заштеди повеќе од милион тони емисии на јаглерод годишно, што е еквивалентно на симнување на повеќе од 200.000 автомобили од патот. Корисниците можат да видат проценка колку CO2 заштедуваат на ефикасната маршрута, а исто така можат да ја направат нивната апликација „Maps“ стандардна или на најефикасната или на најбрзата рута во зависност од нивните приоритети.

Технолошката компанија вели дека ќе ја промовира функцијата прво во САД, а потоа ќе следат Европа и другите пазари.

Апликацијата воведе и нови функции за велосипедисти кои ги прикажуваат само најважните упатства за да не ги оптоваруваат со информации во движење. Исто така, ќе прикаже информации за програми за споделување велосипеди и скутери во 300 градови низ светот и ќе им овозможи на корисниците на „Google Maps“ да најдат станици во близина, па дури и да одредат колку возила има во тој момент.

Конечно, Google, исто така, воведе функција во својата услуга за планирање летови што може да ги организира вашите опции за летови за да им даде приоритет на оние со најмалку емисии на јаглерод.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK