Го фатија Suzuki Jimny со четири врати!

ОБЈАВЕНО НА:

Со помош на Google Street View открија дека веќе е подготвен новиот Suzuki Jimny во продолжена верзија со четири врати! Ќе биде со 30 см. подолга каросерија.

На сликата можете да го видите моделот 4х4 со добро познатата зелена боја, но она што навистина се истакнува е колку непропорционално изгледа телото, барем од страна. Дури остава впечаток дека се работи за лимузинска верзија. Логично, оваа верзија ќе понуди многу повеќе простор на задните седишта, што може да биде дури за тројца, а не две како во краткиот Jimny.

Се чини дека предните врати се со иста големина како во купе варијантата, додека задните се прилично мали, но ќе треба да почекаме зад да се провериме ова кога ќе бидат објавени официјалните фотографии.

Според некои гласини, Jimny со четири врати може да биде меѓу 20 и 30 сантиметри подолг, па може да достигне должина од 3,85 метри, со меѓуоскино растојание од 2,55 метри и растојание од земја од 21 сантиметри. Во однос на тежината, би било околу 95 килограми повеќе ос сегашната верзија.

Што се однесува до опремата, оваа нова варијанта ќе има 7,0-инчен централен екран со поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, автоматска контрола на климата, помошна паркинг камера, задни отвори за воздух …

Моторот ќе остане бензински атмосферски со 1,5 литри и 102 КС, иако максималната бројка на вртежен момент би можела малку да се зголеми, така што дополнителната тежина дополнително нема да ги наруши перформансите. Исто така, треба да продолжи да има петстепен мануелен менувач и четиристепен автоматски.

Не се знае на кои пазари ќе се продава продолжената верзија со 4х4.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK