Вкупно 2.030 рагби топки беа искористени за создавање на мозаикот што го претстсвува името на Honda. Од нив, 813 беа црвени топки за навивачи, а 1.217 беа бели топки за вежбање. Топките беа доставени од Гилберт, официјалниот рагби снабдувач на Англија.
Мозаикот зафати површина од 104,6 квадратни метри на светски познатиот стадион Твикенхем – домот на англискиот рагби тим.
Рекордниот мозаик со логото на Honda беше подложен на ригорозни проверки на квалитетот за да се осигура дека е во согласност со Гинисовата книга на рекорди. Светските рекорди бараат документарен доказ, вклучувајќи видео, фотографија, извештај на инспекторот и извештаи на независни сведоци.
На почетокот на оваа година, Honda објави повеќегодишен договор со Англиската асоцијација за рагби. Honda исто така е посветена на масовно играње. Рекордните рагби топки користени за формирање на мозаикот ќе бидат донирани на рагби клубови во Обединетото Кралство.