Често патуваме во Грција, што на викенд, шопинг или одмор, и секогаш треба да се придржуваме до сообраќајните прописи и ограничувања што постојат.
Ги знаете ли потребните информацииво однос на максималната дозволена брзина, користењето мобилен телефон, погрешно паркирање, или возењето под дејство на алкохол?
Користењето на зимска опрема нема определен точен период, туку е од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 км/ч.
Кога патувате во Грција треба да имате предвид:
– Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
Ремени: задолжително за сите седишта.
Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни
Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.
Најчести казни за прекршоци
* недозволено паркирање – 40 до 80 евра
* прекорачување на брзина – 40 до 750 евра
* некористење појас – 350 евра
* непочитување пешачи – 200 евра
* возење во алкохолизирана сосотојба
од 0,5 до 0,8 промили – 78 евра
од 0,8 до 1,1 промил – 156 евра
над 1,1 промил – 625 евра
* користење мобилен телефон во возење – 100 евра
* задолжително користење на сите појаси
* задолжителна е прва помош