Ги гледате при секое возење: Знаете ли за што служат црните точки на стаклото од автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

На аглите на стаклото во автомобилите и автобусите често можеме да видиме црна линија и црни точки над него. Ги има најчесто во горниот дел, а исто така во долниот. Изгледаат ненаметливо, но секаде ги има. Поголеми и помали. Сигурно сте се запрашале која е нивната функција и зошто се токму црни точки?

Некаде во 1950-тите години од минатиот век, производителите на автомобили почнале да користат лепак за да го одржат прозорецот стабилен и тоа било подобро решение од металната подлога. Лепилото е посигурно, но сепак не беше естетски пријатно.

Црната боја е всушност керамичка боја, а служи за сокривање на лепилото. Покрај тоа, бојата е запечена што значи дека е неуништлива и служи за задржување на прозорецот додека го крие лепилото.

Што се однесува до точките, тие се таму за да направат естетски пријатен премин од дебели црни линии до проѕирно стакло. Точките не се случајно поставени. Тие стануваат поретки колку се подалеку од црната линија.

Таквата шема е естетски поприфатлива бидејќи нема ненадејни транзиции. Сепак, точките не се само за украсување.

Нивната друга цел, освен визуелниот ефект, е и контрола на температурата. За да може стаклото да се свитка при производството, се загрева.

Стаклата обоени во црно се загреваат побрзо од останатите. Точките се таму за да ја распределат топлината малку порамномерно, што го спречува пукањето.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK