Горивата поскапуваат: Бензинот за 1,5 – дизелот за 1 денар

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 % .

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Од ноќеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK