Германците ги зголемуват казните за брзо возење – сега може да платите и 800 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со несовесните возачи во сообраќајот постојат секаде. Ако сметаме дека во европските земји, особено Германија поради високите казни се почитуваат прописите, сега доаѓа нова вест според која ќе има промени во Законот и казните се зголемуваат.

Новите прописи треба да почнат да се применуваат од летово пред федералните избори. Според новите прописи сега највисоката казна за брзо возење во населено место се зголемува на 800 евра (досега била 680 евра). Таа би ја добиле ако полицијата ве „фати“ да возите со брзина над 70 км/ч. од дозволената. Ако тоа го направите надвор од населено место со истата брзина, казната ќе биде 700 евра (досега била 600 евра)

Паркирање на места означени како велосипедски патеки или пешачки премин сега ќе се казнува и со 110 евра. Паркирање на место за инвалиди е 55 евра (од досегашните 35), а ако се паркирате на место наменето за електрични возила казната е 55 евра.

Невнимателното паркирање на места означени како противпожарни места ќе се санкционира со 100 евра. Ако пак не дозволите да помине возила на брза помош, или се движите позадни него додека тоа се пробива низ метежот ќе значи казна од 200 до 320 евра и еден месец забрана за возење.

Новите казни за пречекорување на дозволената брзина:
– во урбани средини
до 10 km/h побрзо возење: 30 евра (претходно 15)
11 до 15 km/h: 50 евра (претходно 30)
16 до 20 km/h: 70 евра (претходно 35)
21 до 25 km/h: 115 евра (претходно 80)
26 до 30 km/h: 180 евра (претходно 100)
31 до 40 km/h: 260 евра (претходно 160)
41 до 50 km/h: 400 евра (претходно 200)
51 до 60 km/h: 560 евра (претходно 280)
61 до 70 km/h: 700 евра (претходно 480)
над 70 km/h: 800 евра (претходно 680)

надвор од населено место
до 10 km/h побрзо возење: 20 евра (претходно 10)
11 до 15 km/h: 40 евра ( претходно 20)
16 до 20 km/h: 60 евра ( претходно 30)
21 до 25 km/h: 100 евра (претходно 70)
26 до 30 km/h: 150 евра ( претходно 80)
31 до 40 km/h: 200 евра (претходно 120)
41 до 50 km/h: 320 евра ( претходно 160)
51 до 60 km/h: 480 евра (претходно 240)
61 до 70 km/h: 600 евра (претходно 440)
над 70 km/h: 700 евра (претходно 600)

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK