Genesis користи систем за препознавање лица за отклучување на вратите

ОБЈАВЕНО НА:

Genesis ќе започне со воведување на својата технологија „Face Connect“, која овозможува вратите на автомобилот да се отвораат и затвораат без паметен клуч. Системот Face Connect на јужнокорејскиот производител на автомобили има блиска инфра-црвена (NIR) камера на Б-столбот, дизајнирана да работи во сите услови на осветлување, вклучително и ноќе.

Системот може да регистрира до две лица и индивидуални профили кои може да се постават за секое лице. Системот може автоматски да ги прилагодува работите како возачкото седиште и воланот кога ќе открие зачуваното лице и профил. Покрај тоа, автоматско прилагодување на хедап дисплејот, страничните ретровизори и поставките за инфозабавниот систем.

Face Connect ќе им овозможи на сопствениците да ги остават своите паметни клучеви во автомобилот, да го заклучат возилото со помош на системот за препознавање лица и да не мора да се грижат за носење на нивните клучеви наоколу.

Технологијата Face Connect работи заедно со системот за автентикација со отпечатоци на прсти, претходно претставен од Genesis. Додека возачите можат да отворат возила со лицето, тие исто така треба да го скенираат отпечатокот од прст за да го стартуваат и возат својот автомобил. Од Genesis велиат дека го замениле пристапот со ПИН-код и сега користи проверка на отпечаток од прст.

Genesis, исто така, ја ажурираше својата технологија за надградба на софтверот преку интернет, која претходно беше ограничена на инфо-забавните функции, како што се навигација, дигиталниот кластер и хедап дисплејот. Сега, системот може да ги ажурира главните компоненти, вклучително и интегрираниот контролен уред, суспензијата, сопирачките, воланот и воздушните перничиња.

Целосно електричниот GV60 ќе биде првиот модел на Genesis достапен со Face Connect. Системот потоа постепено ќе се воведува во други модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK