Geely го најавува првиот SUV купе автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Најпознатиот кинески производител на автомобили, Geely, објави тизер од моделот FY11 кој ќе биде првиот SUV купе автомобил во понудата на производителот.

Овој автомобил специјално развиен за домашниот кинески пазар се очекува премиерно да биде претставен оваа пролет, а доаѓа како алтернатива на Mercedes-Benz GLC Coupe и BMW X4.

Овој автомобил во целост е развиен од страна на кинескиот производител, а зад дизајнот се запишува Geely Design Center од Шангај. Се темели на CMA платформата која е развиена во соработка помеѓу Geely и Volvo, а која во моментов е искористена кај неколку модели на Geely, Volvo и Lynk&Co.

https://youtu.be/bLoVJUIaEm8

За овој автомобил не се знае многу. Она што е познато е дека е долг 4.605 мм, широк 1.878 мм, висок 1.643 мм додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.700 мм. Ќе биде достапен во стандардни бензински мотори, а ќе има и хибридна верзија.

Цената останува непознаница.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK