Речиси и да нема автомобилски производител што не сака да биде на нивото на Tesla, па и подобри, и секако да стане сериозен играч и предизвикувач на Tesla Model 3. За саемот во Франкфурт имаше предвидувања дека концептот што го подготвува BMW всушност е најава за i5 модел. И наместо тоа стигна одговорот во Vision Dynamic што е позициониран како гран купе меѓу моделите i3 и i8. Овој нов модел би требало да биде предизвикувач на Tesla Model 3.
Одговорните во BMW тврдат дека Vision Dynamic ќе стигне до производната линија, но без конкретен датум. Изгледа помазен и постегнат во однос на фотографиите од патентот што беше нарекуван дека е најава за i5.
Gran Coupe со четири врати во чист електричен режим може да вози до 600 километри. Автомобилот е во можност да развие максимална брзина на движење од 200 км/ч, а првите 100 км/ч. можат да бидат достигнати за 4 секунди.
До 2025 година BMW ќе понуди 25 верзии со електрифицирани погонски система- 12 од кои ќе бидат целосно електрични. Со BMW i Vision Dynamics се демонстрирае гледањето на компанијата за електрична мобилност меѓу i3 и i8.