Само неколку денови пред официјалното претставување на следната генерација на Volkswagen Passat на саемот во Детроит на големо изненадување се појавија првите фотографии од овој автомобил. Фотографиите објавени од порталот Wheelsage веќе се избришани, но претходно веќе се најдоа на други сајтови за автомобили.
Како што е веќе познато, американскиот Passat ќе биде изграден на старата платформа PQ46, а не на новата модулна шасија MQB. Како и досега модело ќе се нуди само со каросерија за седан.
Надворешноста на автомобилот не е сменета особено во споредба со претходната генерација. Дизајнерите ги зголемиле димензиите на решетката на ладилникот, „ги допреа“ фаровите и стоп светлата и го сменија обликот на прозорецот зад задната врата.
На фотографиите се гледа мофицикацијата R-Line со поагресивен аеродинамичен пакет и мал спојлер на капакот на багажникот. Од задниот дел ја нема веќе хромираната лајсна и сега има голем натпис Passat.
Освен со старата платформа моделот ќе се нуди и со претходниот мотор. Седанот ќе се нуди само со 2.0-литарскиот четирицилиндричен турбомотор со моќност од 176 коњски сили и максимален вртежен момент од 250 Нм. Поради одбивањето да се премине на модулната артхитектура MQB Passat нема да има хибридна модификација.