Ford штеди – нема да настапува на саемот и во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител објави дека ќе го прескокне и саемот за автомобили во Женева следната година откако истото го направи и на октомврискиот саем во Париз.

Ford не планира премиера на нов модел па оттука не планира да настапи на овој голем европски саем. Врз донесувањето на оваа одлука големо влијание имаше финансиската димензија, па на неучеството Ford гледа како на можност за заштеда на неколку милиони евра.

Сепак неучеството на саемот во Женева во 2019 година не значи и воопшто апстинација од овој влијателен саем. Како што потврдуваат од американскиот производител, моделите на Ford ќе бидат прикажани на овој саем, но во 2020 година.

Инаку Ford се наоѓа во процес на реорганизација на бизнис процесите и целосна интерна реструктуризација. Така, покрај промените на врвот во компанијата, Ford пред неколку месеци објави дека ќе ги намали бројот на платформи, а исто така ќе се насочи кон развојот и производството на SUV модели. Американскиот гигант го најави и планот на електрификација, а во изминатите неколку недели се објавени соработки со Volkswagen Групацијата и Mahindra India.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK