Ford се подготвува за криза – собра 8 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси сите економисти се сложни околу последиците од коронавирусот. Според нив годинава треба да очекуваме криза многу полоша од 2008 година, налик на рецесијата од 8о-те години.

Сето тоа ќе има голем негативен ефект врз автомобилската индустрија па многу компании се подготвуваат за евентуалната криза.

Ford се чини најсериозно ја сфаќа оваа закана. Така уште минатиот месец се одлучи да издаде хартии од вредност со што би обезбедиле готовина со која ќе ја одржуваат ликвидноста на компанијата. Компанијата од Мичиген на пазарот од хартии од вредност обезбеди нешто повеќе од 8 милијарди долари.

Претходно американската компанија преку револвинг креди искористи 15 милијарди долари, а се очекува до крајот на следниот месец вкупната задолженост да изнесува околу 50 милијарди долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK