Ford објави соопштение во кое ја информира јавноста дека ќе започне со повлекување на околу 874 илјади пикапи во Северна Америка поради ризик од појава на пожар.
Американскиот производител како причина за повлекувањето го наведува пропусот во периферниот дел од моторот поточно кај загревачот што во најлош случај може да донесе до појава на пожар.
Со повлекувањето ќе бидат опфтени моделите F-150 произведени од 2015 до денес, моделите Ford F-250, произведени оваа и минатата година како и моделите F-350, F-450 и F-550 произведени во истиот период. Сите спорни модели се дистрибуирани во дилерската мрежа на Ford во САД, Канада и Мексико и истите ќе бидат цел на повлекување.
Почетокот на повлекување ќе започне следниот месец, а најголем дел или по нешто над 400 илјади возила се наоѓаат во САД и Канада. Трошокот во целост ќе биде покриен од страна на американскиот производител.